Враќање на производ
Враќање на исправен производ на барање на купувачот
Враќање на нарачан производ може да се изврши во рок од 14 дена од приемот на пратката. Производот ќе биде прифатен САМО И ИСКЛУЧИВО доколку е во оригиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања.
Доколку производот кој се враќа е облека, истиот НЕ СМЕЕ да биде перен, носен или пеглан. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.
Доколку производот кој се враќа е мебел, истиот МОРА да биде во оригиналното пакување, без видливи или стуктурни оштетувања и знаци на употреба и истиот не смее да биде склопуван. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.
Доколку производот кој се враќа е електричен апарат, ТВ уред или било кој друг тип на производ кој во себе содржи електрични и/или електронски компоненти, МОРА да биде во оригиналното пакување, со сите свои делови и во исправна и функционална состојба. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.
Без разлика на начинот на плаќање, рефундацијата на средства при враќање на производ се врши САМО И ИСКЛУЧИВО на трансакциската сметка на нарачателот.
Враќање на производ со фабричка маана, оштетување при транспорт или производ кој не соодветствува на нарачката
Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат САМО во рок од 12 часа од часот заведен на листата за прием на пратка. Доколку забележите фабрички оштетувања, видливи оштетувања направени при пакување или транспорт и/или производот ги нема сите составни делови, Ве молиме да не известите на телефонскиот број 071/444/385, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. За прифатливо известување за рекламација ќе се смета телефонско известување заедно со испратени фотографии и/или видео од оштетениот производ на нашата електронска пошта kivigo@yahoo.com или во порака на нашата Facebook страна. Доколку рекламацијата е доставена вон работните часови на компанијата ќе се смета за уредна доколку во пораката која ќе ја испратите на нашата електронска пошта или Facebook страна бидат вклучени: Фотографија од адресница(доказ за примена нарачка), фотографии и/или видео снимки од оштетениот производ каде јасно се гледа оштетувањето.
Доколку на купениот производ се појават недоследности во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да постапите на начин дефиниран во правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница.
Враќањето на нарачаниот производ може да се изврши во рок од 14 дена од приемот на пратката. Производот ќе биде заменет САМО И ИСКЛУЧИВО доколку е во оригиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања.
Доколку производот кој се враќа е облека, истиот НЕ СМЕЕ да биде перен, носен или пеглан.
Доколку производот кој се враќа е мебел, истиот МОРА да биде во оригиналното пакување, без видливи или стуктурни оштетувања и знаци на употреба и истиот не смее да биде склопуван.
Доколку производот кој се враќа е електричен апарат, ТВ уред или било кој друг тип на производ кој во себе содржи електрични и/или електронски компоненти, МОРА да биде во оригиналното пакување, со сите свои делови и во исправна и функционална состојба.
KIVIGO.MK ги превзема трошоците за враќање или замена на производот доколку производот е пристигнат со фабричка грешка, оштетен при транспорт или не одговара на Вашата нарачка.
Производите кои подлежат под гаранција и имаат соодветен овластен сервис, а за кои Мебелмк-онлајн ДОО Скопје не е увозник, задолжен за сервисирањето е овластениот сервис и/или давателот на гаранцијата, односно увозникот на производот. Во случај на потреба од сервисирање на расипан апарат во гарантен рок, контактирајте го овластениот сервис или компанијата издавач на гарантниот лист.
Без разлика на начинот на плаќање, рефундацијата на средства при враќање на производ се врши САМО И ИСКЛУЧИВО на трансакциската сметка на нарачателот.
Политика за замена и рекламација на производи
1. Замена на исправен производ на барање на купувачот
Купувачот има право на замена на производ во рок од 14 дена од приемот на пратката. Замена може да се изврши само и исклучиво ако производот е во оригинално пакување и без видливи оштетувања.
- Доколку станува збор за мебел, истиот мора да биде во оригинално пакување, без видливи или структурни оштетувања, без траги на употреба и не смее да биде склопуван.
- Доколку станува збор за електричен апарат, ТВ уред или друг производ со електронски компоненти, истиот мора да биде во оригинално пакување, со сите делови и во целосно исправна и функционална состојба.
Сите трошоци за достава при замена на исправен производ на барање на купувачот се на товар на купувачот.
2. Замена на производ со фабричка маана, оштетување при транспорт или неусогласеност со нарачката
Рекламации за исправност на производите се прифаќаат само во рок од 12 часа од приемот на пратката.
За секоја рекламација задолжително е купувачот да достави фотографии и детален опис на оштетувањето.
Доколку пакувањето/кутијата има видливи оштетувања во моментот на приемот, купувачот мора да ја фотографира пред отворање на пратката и да ја приложи фотографијата во рекламацијата.
Рекламацијата мора да биде евидентирана со телефонско јавување на 071/444/385 (од понеделник до петок, 10:00 – 18:00) и истовремено да се испрати фотографски материјал и опис на е-пошта kivigo@yahoo.com или преку официјалната Facebook страница.
Рекламации доставени надвор од работното време се сметаат за уредни доколку содржат: фотографија од адресница (доказ за примена), фотографии и детален опис на оштетувањето.
Услови за прифаќање:
- За мебел важи условот да не е склопуван и да нема структурни оштетувања.
- За електрични и електронски производи мора да биде обезбедено оригиналното пакување, сите делови и функционалност.
Во случај на фабричка грешка, оштетување при транспорт или ако производот не одговара на нарачката, Kivigo.mk ги сноси трошоците за враќање и замена.
3. Производи под гаранција
За производите што имаат важечка гаранција и овластен сервис, а за кои МЕБЕЛМК-ОНЛАЈН ДОО Скопје не е увозник, одговорноста за сервисирање ја сноси овластениот сервис или увозникот. Во таков случај, купувачот е должен да се обрати директно кај сервисот или кај давателот на гаранцијата со приложување на гарантниот лист.